Момче и две девојки исчезнаа во поплавите во Италија- нуркачи трагаат по нив

0
139

Тројца млади лица, момче и две девојки исчезнаа денеска во поплавите во италијанскиот регион Фриули на северот од земјата, а потрагата е во тек, соопштија локални извори.

Извори наведоа дека тројца млади на возраст меѓу 17 и 25 години се водат како исчезнати поради излевање на реката Натизоне, пренесе АНСА.

Младите телефонски повикале помош бидејќи нивото на реката почнало да расте додека биле на мал речен остров поради обилните дождови.

Во потрагата по тројцата исчезнати лица учествуваат нуркачи, карабинери, а во акцијата е испратен и противпожарен хеликоптер од Венеција.