Пред нас многу топол бран од Африка – Ќе донесе температури до околу 40 степени и многу висок Ув индекс

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и од југозапад, односно од северните предели на Африка, од петок (7.6.2024) па најмалку до вторник (11.6.2024) во Македонија времето ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со особено високи температури на воздухот кој ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и тоа за околу 8 степени повисоки од просечните.

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер (ништо сериозно), што значи дека пред нас е сушен период.

Што се однесува до температурите, тие за време на овој топол бран речиси насекаде низ државава ќе надминуваат 30 степени, во Скопје температурата ќе достигне до околу 35 степени, а најтопло ќе биде како и вообичаено во централните  и во југоисточните предели каде температурата локално ќе се искачи и до околу 40 степени.

Во текот на овој период, односно од петок до недела ќе биде претежно тивко или ќе дува сосема слаб променлив ветер, а во почетокот на наредната семдица ќе засилува топол ветер од југозападен правец, особено во западните предели од Македонија.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 7 и 8.

ПОЧИТУВАНИ НАШИ: Поради тоа што се работи за многу топол Африкански бран, ве советуваме да се заштитете, однсоно граѓаните да пијат повеќе течности, и секако без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот). Задолжително со вас најдобро е да си носете капа  и наочари за сонце, секако доколку мора да излезете во најтоплиот дел од денот за да ја завршите вашата обврска, стои во најновиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk