Богата музичка програма за третото издание на Ohrid Wine Festival

0
60
Богата музичка програма и неповторлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе третото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 27-ми до 29-ти јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.
На отварањето на фестивалот на 27.06.2024 (четврток) на сцената ќе настапат Backdoor band, Миле Кузманоски и „Куку леле“. Вториот фестивалски ден на 28.06.2024 (петок) е резервиран за Urban planet, Next time и Brass brothers. Во рамки на третиот фестивалски ден на 29.06.2024 (сабота) за забавата ќе бидат задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.
Концертите на македонските музички артисти ќе бидат надополнети со дегустацијата на македонски вина и вкусна храна.
Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“, пишува во својата обајава градоначалникот Пецаков.