(ВИДЕО) Се збуни: Том Круз се обиде да влезе во автомобилот на британскиот премиер Риши Сунак

0
72

Том Круз доживеа непријатна случка откако слета на хелиодром во лондонската населба Батерси и се упати кон автомобилот наменет за британскиот премиер Риши Сунак.

Познатиот глумец тргна кон автомобилот, но потоа сфаќа дека тоа не е наменето за него, па се упати кон другото возило, поздравувајќи ги обожавателите.

На видеоснимката потоа се гледа и како британскиот премиер потоа влегува во автомобилот наменет за него. Видеото за кусо време собра 8,7 милиони прегледи и бројни коментари на сметка на Круз, но и на Сунак.

„’Невозможна мисија’ е добар слоган за изборната кампања на Сунак“, „Едниот од нив е на невозможна мисија, а другиот е Том Круз“ – гласат дел од шегите.