Во петок студен атмосферски фронт од северозапад ни носи пороен дожд, грмежи и невреме

По максимумот на овој топол бран кој во најтоплите предели од Македонија ќе донесе температури и до околу 40, 41 степен, следува поголемо освежување на времето и тоа во петок, што значи дека многу топло, но со сосема малку пониски температури на воздухот за разлика од денес  и утре ќе имаме и во четврток. Во четврток попладне можна е изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Веќе во петок и тоа под влијание на студен атмосферски фронт од северозапад во Македонија ќе имаме зголемена облачност и ќе биде нестабилно, на многу места со врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни (во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град).

Температурите позначително ќе се намалат, па така во петок тие ќе бидат дури за околу 10 степени пониски од оние кои ги имаме сега, и максималните дневни температури во петок ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk