Младиот Никола Ѓеоргиев од Црешево ја победи болеста

Деветнаесетгодишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого во хуманоста се обедини цела Македонија ја победи болеста.

Никола боледуваше од малигна неоплазма, миелоидна лоза, редок вид на канцер на коските, а при последните лекарски прегледи во Турција, било утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази.

Веста на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој напиша:

-Младиот Никола ја победи болеста‼️ Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази. Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото. Ова е победа на сите хумани луѓе! Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа!