Мицкоски: Меѓу првите странски директни инвестиции на новата влада ќе е инвестиција во енергетиката

0
78

Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се возможни. За тоа е потребно време.
Меѓу првите странски директни инвестиции на новата влада ќе е инвестиција во енергетиката – нов ветропарк помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија, напиша на својот ФБ профил мандатарот Христијан Мицкоски.