МОН препорачува основните училишта да работат со скратени часови поради високите температури

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, Министерството за образование и наука препорачува:

– Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува;

– Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат;

– Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода;

– Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Македонија.