Годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патчев“

0
19

Синоќа во катедралната црква Св. Софија се одржа традиционалниот годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патче“

На концертот учествуваа најдобрите и најталентирани ученици кои во учебната 2023/24 година беа наградувани на државни натпревари во нашава земја и надвор од неа.

За постигнатите успеси покрај учениците годинава беа наградени и дел од наставниците  за посебен придонес и афирмација на музичкото училиште.

Проектите на оваа образовна институција беа поддржани од Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков, Македонската Православна Црква, фестивалот „Охридско Лето“ и други институции.