Еуфорија пред почетокот на ЕВРО 2024: Навивачите се веќе во Германија

0
107

Навивачите почнаа да пристигнуваат во Германија во пресрет на Европското фудбалско првенство 2024 (ЕВРО 2024), кое започнува утре, јавува Анадолу.

Првенството почнува утре со натпреварот меѓу Германија и Шкотска што ќе се одигра во фудбалската арена во Минхен.

Љубителите на фудбалот покажуваат голем интерес за првенството, во кое вкупно 24 репрезентации ќе се борат за пласман во финалето што ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Берлин на 14 јули.

Минхен, еден од десетте града домаќини на ЕВРО 2024, е преплавен со шкотски навивачи пред утрешниот натпревар Германија-Шкотска.

Многу љубители на шкотскиот фудбал се собраа во и околу Мариенплац, едно од култните места во Минхен, и се забавуваа.

Љубителите на фудбалот пееја химни и навиваа со придружба на нивните традиционални инструменти.