(ВИДЕО) Голем пожар во населбата „Ндоц Мази“ во Скадар

0
54

Силен пожар избувнал во населбата „Ндоц Мази“ во Скадар, во близина на пазарот за користена облека.

Пламените јазици зафатија и неколку станови и изгореа 25 стопански единици.

Исто така, една жена е извадена на носилки поради задушување, објави Политико.ал.

На местото на настанот пристигнале бројни полициски и противпожарни единици кои интензивно работат на гаснење на пожарот.