Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истрага против 36-годишна жена од Кратово, која е осомничена дека сторила кривично дело убиство.
При вршење семејно насилство во четвртокот, на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот својот сопруг и свекор.
Како што соопшти обвинителството, по претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко.
Тие починале од повредите на лице место.
На осомничената ѝ е определен 30-дневен притвор.
извор: Обвинителство