Германската полиција застрела напаѓач во навивачката зона во Хамбург

0
38

Германската полиција во Хамбург застрелала човек кој се обидел да ги нападне минувачите со секира. Инцидентот се случил во близина на навивачката зоната каде има околу 40.000 холандски навивачи.

Според германскиот весник Билд, напаѓачот се придружил на толпата и ги нападнал навивачите и обезбедувањето.

Во Хамбург се игра натпревар од Европското фудбалско првенство помеѓу Холандија и Полска.

Локалните медиуми објавија дека полицијата употребила бибер спреј против напаѓачот пред да пука. Еден полицаец прво испукал предупредувачки истрел, а потоа неколку други истрели биле испукани кон напаѓачот, кој паднал на земја. Напаѓачот е тешко повреден и му е укажана лекарска помош.

Полицијата соопшти дека напаѓачот имал и запаливо средство, најверојатно некаков молотов коктел.