(ВИДЕО) Стерјовски: Важно е бугарската јавност да ја дознае вистината за тоа што Бугарија, злоупотребувајќи го членството во ЕУ прави за да ги асимилира Македонците во Албанија

0
42

Имав чест да снимам интервју со новинарската екипа на бугарската телевизија НОВА во Корча. Разговаравме отворено за бугарската пропаганда во Албанија и разните методи кои Бугарија ги користи за асимилација на Македонците во Албанија, напиша на својот ФБ профил Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.

Во продолжение на објавата се додава:

Им благодарам на новинарите од телевизија НОВА што ме поканија за ова интервју и се надевам дека ќе биде емитувано без цензура. Важно е бугарската јавност да ја дознае вистината за тоа што нивната држава, злоупотребувајќи го членството во Европската унија, прави за да ги асимилира Македонците во Албанија.

Ова е мое прво интервју за бугарски медиум и се надевам дека ќе побуди интерес во Бугарија. Се надевам дека и други бугарски медиуми ќе се охрабрат да истражуваат и објавуваат како нивната држава користи методи од 19 век со цел да ги негира и асимилира Македонците во Албанија.

Извор: ФБ Васил Стерјовски