Следи краткотраен топол бран од Африка со температури до 38 степени Целзиусови

Почитувани мои, променливо, но посвежо време ќе имаме и денес. Ќе има и локална појава на повремен пороен дожд и грмежи, но сепак условите за силно невреме за среќа позначително ќе се намалат. Услови за повремен пороен дожд и поретки грмежи ќе има и во Скопје. Што се однесува до температурите тие утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје максималната дневна температура утре ќе се искачи до околу 30 степени.

За време на викендот во Македонија ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, што значи не очекува сончев и топол викенд со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје до околу 35 степени.

Од почетокот на следната седмица не очекува нова позначителна дестабилизација на времето и ново невреме, како и позначително опаѓање на температурите, стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk