Албанските фудбалери радоста од вчерашниот нерешен резултат против Хрватска ја изразизија со омраза кон Македонците. Мирлинд Даку, зема мегафон во раката и им диригираше на албанските навивачи скандирање со кое ги пцуеше Македонците и Србите..
Тој по мечот на разглас извикуваше „ Qifsha Maqedonien“ додека навивачите ракоплескаа.
Даку е играч на рускиот Рубин Казан и има 26 години.
За ваквото навредливо скандирање Даку би можел да биде казнет од УЕФА.