Почна електронското пријавување за упис во средно, ќе трае до 25 јуни

0
33

Од денеска до следниот вторник, 25 јуни, во тек е првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година.

Пријавувањето се одвива преку линк до порталот на електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички профили на schools.mk.

„Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/најава“, информираат од Министерството за образование.

Најдоцна до 26 јуни до 9 часот секое училиште треба да ја објави конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места останати по првото пријавување.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање, ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни на јавно место во училиштето.

Второто пријавување во јунскиот рок ќе биде на 1 и 2 јули.