Смокови опустошија гулабарник во штипско

0
38

Во атарот на Лакавица, Штипско, влекачи направиле опустошување во гулабарник, при што биле усмртени и изедени голем број гулаби.

Сопственикот Ване Станков за СДК, открил дека од околу педесет гулаби останале само десетина.

Трагите во гулабарникот откриле дека нападнати биле од влекачи кои го искористиле мракот за напад.

Оваа наезда на смокови и други влекачи предизвикала и уништување на јајцата наменети за подмладок.

Станков планира да превземе мерки за заштита на гулабарникот од идни напади.