(ВИДЕО) Ограда и рекламно пано падна врз две возила во Автокоманда

0
125

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, информираат од Центарот за упревување со кризи. Нема имформации за повредени лица, соопшти ЦУК.

По невремето кое вечерва го зафати Скопје, има бројни пријави за паднати дрвја, поклопени автомобили, одвеани покриви…

– Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции – додаваат од ЦУК.

 

 Големото невреме ги зафати сите општини, а најмногу видеа на социјалните мрежи има од Ѓорче Петров, Чаир, Карпош.

Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини.

извор: Независен