Втор снежен бран во петок и во сабота ќе ја зафати Македонија, снег и до половина метар

Иако зимата сеуште календарски не започнала, сепак веќе ни пристигнува и вториот уште поголем и подолготраен снежен бран за оваа сезона. Овој снежен бран ќе трае два дена (петок и сабота). Во поголемиот дел од Македонија врнежите ќе бидат од снег и тие ќе бидат обилни (освен на некои пониски места каде ќе врне дожд, особено во централните и во југоисточните предели.

На планините и на Скијачките центри до сабота навечер ќе се формира снежна поркивка од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до околу половина метар. На пониските места со надморска височина од 500 метри па нагоре таа ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, понекаде и над 20 сантиметри. Снег ќе провејува и под 500 метри, особено во сабота.

Со овој снежен бран, првите врнежи од снег за оваа сезона ќе ги има и во делови од Скопската котлина.

На возачите и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег, ги советуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и Скијачките центри, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Температурите за време на викендот и тоа наутро понекаде ќе се спуштат дури до околу -10 степени, на високите планини и под -10 степени. Многу студено ќе биде и преку ден со максимални дневни температури кој на повеќе места ќе останат околу нулата, понекаде тие ќе останат и негативни. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец (повремено и локално собрзина од над 60 км/час).

Мора да напоменеме дека најпрвин врнежите ќе бидат насекаде од дожд, и тое ќе започнат наскоро, односно во следните часови, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.