Николоски: Почнуваме со гонење на криминалот! Одговорност ќе има!

0
51

ПОЧНУВАМЕ СО ГОНЕЊЕ НА КРИМИНАЛОТ!

ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА!, пишува на својот фејсбук профил Александар Николоски.

Денес во Министерството за транспорт се сретнав со Александар Јанев директор на Бирото за јавна безбедност во МВР и дел од неговиот тим кои работат предмети од областа на организираниот криминал и корупција.

На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП Железници Инфраструктура и Јавно претпријатие за државни патишта. Овие индиции произлегоа од извештајот за капитални инвестиции на државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамки на министерството за транспорт и институциите кои се под негова надлежност.

Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите!