Откако претседателот на Собранието на Македонија ја известил Државната изборна комисија дека на пратениците Синиша Стојаноски и на Бобан Николовски, двајцата од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, им престанал пратеничкиот мандат, денеска комисијата соопшти кои се новите пратеници од листата на таа коалиција.
На седница Државната изборна комисијата информираше дека согласно чл. 153 ст.2 од Изборниот закон, ДИК со допис ги извести наредните кандидати од листите за кандидати за пратеници во Собранието на РСМ за ИЕ 1 и ИЕ 2 од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Јане Мицевски и Малиша Станковиќ кои стануваат нови пратеници во Собранието на РСМ. Согласно ова, ДИК издаде уверенија за избрани пратеници во Собранието на Република Македонија, се вели во соопштението на ДИК.
Инаку, пратеничкиот мандат на Синиша Стојаноски и на Бобан Николовски заврши откако тие се назначени за директори – Стојаноски за директор на ГОБ „8 Септември“, а Николовски за директор на Царинска управа.