Јани: Се случуваат големи лаги и манипулации во Пустец од таканаречените “главатари” кои се однесуваат како општината да е нивен личен имот, а не на народот

0
47

Почитувани браќа и сестри Македонци во Општина Пустец,
Во нашата општина се случуваат големи лаги и манипулации од таканаречените “главатари” кои се однесуваат како општината да е нивен личен имот, а не на народот. Драги браќа и сестри, знам дека сите сте под притисоци и страв дека ако кажете нешто, ќе ви ја укинат социјалната помош или ќе ве отпуштат од работа вас или некој близок ако не им служите на овие мафијаши, арамиши, насилници и манипулатори.
Дојде време сите да станеме и да не им дозволиме да играат со нас и со нашите најблиски како што правеа овие пет години. Мора да им докажеме дека не се плашиме и дека ќе одговараат за сè што направиле на нашиот народ и нашата општина, напиша на својот ФБ профил Панди Јани.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Одговорност ќе има за:
1. Водовод од 5 милиони евра кои ги украдоа и сега нема вода за пиење.
2. Вработување со фалсификувани дипломи за средно образование во сите институции во општината (администрација, пожарникари, водовод и Советот на општината).
3. Канали за наводнување (земјоделско земјиште).
Се очекува овие денови Јавното специјално обвинителство (СПАК) да преземе мерки.
Одговорност ќе има за целото потекло на имотот на овие “главатари” и за нивните станови во Корча и Охрид.
Одговорност ќе има и за лажните патриоти од Македонската партија бидејќи има голема злоупотреба на фондови од Министерството за култура на Република Македонија во последните пет години.
Ние секогаш ќе бидеме до народот и за народот✌️
Од утре ќе објавиме нови докази за овие предавници и ќе се залагаме за предвремени избори за Општина Пустец.