Театарската претстава “Разгалениот принц“ пред најмалата публика во Охрид

0
18

Во рамките на проектот – „Културата расте со децата“, утревечер со почеток во 20:00 часот на бината кај ТЦ Амам ќе се одржи театарската претстава за деца „РАЗГАЛЕНИОТ ПРИНЦ“.

Претставата е детска комедија, со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата. Продукцијата е на Театар Хит од Скопје, а играат актерите Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.

Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид.