Фрапантни се снимките од детското игралиште во Капиштец и однесувањето на толпата тинејџери кои кршат и дивеат.
Ова се снимки на кои се гледа деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца. До нас ги испратија загрижени жители од Капиштец кои го снимиле ноќното дивеење на група млади.
Досега неколкупати реагиравме на загрижувачкото однесување во ноќните часови и побаравме помош од надлежните институции.
Ова е сликата на Центар, да не дозволиме ваквото однесување да продолжи и во поголеми размери, реагира градоначалникот Горан Герасимовски.