Викендов температури и до 43 степени со УВ индекс 10

0
75

Екстремно топлиот Африкански бран кој ја зафати нашата Македонија, но и целиот Балкански Полуостров, викендов ќе зема замав, па така температурите ќе бидат уште повисоки и насекаде во Македонија тие ќе бидат екстремно високи. Екстремно висок ќе биде  и Ув индексот со вредност 10.

Што се однесува до температурите, тие викендов ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено температурата може да надмине  и 40 степени. Тука се  и тропските ноќи и тоа особено во централните  и во југоисточните предели каде  и преку ноќта, како и во раните утрински часови температурите нема да се спуштат под 20 степени.

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Утре попладне и тоа во западните предели ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на краткотрајно невреме.

Поради екстремно високите температури, но и поради екстремно високиот Ув индекс апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk