„Трамп се чувствува добро, ќе продолжи да ја споделува својата визија“

0
68

Републиканскиот национален комитет соопшти дека нивниот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, се чувствува добро и им е благодарен на службениците за спроведувањето на законот, известува Анадолу.

„Доналд Трамп со нетрпение чека да се приклучи на митингот во Милвоки, неколку часа по обидот за атентат“, соопшти републиканскиот Национален комитет.

„Како кандидат од нашата партија… тој ќе продолжи да ја споделува својата визија да ја направи Америка повторно голема“, се вели во соопштението.

Претходно, Трамп се огласи на платформата Truth Social, која тој ја формираше и им се заблагодари на службениците за спроведување на законот и Тајната служба за нивниот брз одговор.

„Она што е најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на убиениот на митингот, како и до семејството на уште едно лице кое беше тешко повредено. Неверојатно е дека вакво дело може да се случи во нашата земја“, објави Трамп.

Тој наведе дека куршумот му го пробил „горниот дел“ на десното уво, додавајќи дека ја напуштил болницата набргу по укажаната лекарска помош.

20-годишниот Томас Метју Крукс од Пенсилванија се обиде да го убие поранешниот американски претседател и кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп.

Како што соопшти Федералното истражно биро (ФБИ), вооружениот напаѓач го пукал кон републиканскиот претседателски кандидат Трамп додека тој држел говор на бина во Пенсилванија.

Трамп бил полесно ранет во пределот на десното уво, а со интервенција на обезбедувањето бил оддалечен од бината.

Напаѓачот е неутрализиран, неговото тело е пронајдено недалеку од местото на нападот, во кој едно лице од учесниците на митингот е убиен, а уште две се тешко ранети.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.