Прекини во ИТ врските се пријавени низ целиот свет, што ги принуди авиокомпаниите да го прекинат авиосообраќајот, аеродромите, медиумите и банките се нефукционални, јавуваат светските агенции.
Авиокомпаниите и аеродромите пријавија проблеми, поради што многу летови се приземјени
Со исти проблеми се соочува и аеродромот во Берлин, како и ИТ комуникациите во Австралија.
Причината не е позната – велат од Мајкрософт, но соопштија дека се преземаат мерки за откривање на причините и за решение на проблемите.
Во Обединетото Кралство и железничките компании велат дека се соочуваат со „распространети ИТ проблеми“
ТВ каналот Скај Њуз денеска не можеше да емитува во живо, а и лондонската берза има прекини во работата.