По 15 часа дојде струја во Аеродром и Ново Лисиче

Конечно на територијата на Општина Аеродром, односно во населбите Аеродром и Ново Лисиче пристигна струја, по 15 часа.

ЕВН Македонија го санираше дефектот со поголемо доцнење, а се огласија дека станува збор за комплициран дефект кој бара повеќе работа.

Според досегашните информации прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.