Женско тело утрово пронајдено во канал

0
155

Тело на женско лице рано утрово е пронајдено на заштитната решетка од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, на влезот во кочанската населба Оризари.

Вработените на водостопанската подружница од Кочани веднаш излегле на терен и го намалиле дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавената жена да се извлече од каналот.

Според сè уште непотврдени информации се работи за постара жена од Оризари, а случајот го пријавил нејзиниот син.

На местото на настанот увид прават стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да го потврдат идентитетот на настраданата жена.

извор: Република