Покрај топлотниот Африкански бран, во следните денови во Атмосферата ќе биде присутна Сахарска прашина и песок

Почитувани мои, покрај многу високите температури кои ги очекуваме  и во следниот период, од утре (среда) во попладневнитењ часови, па се до крајот на оваа недела повторно од Сахара кон нашата територија, но и на територијата на целиот регион ќе се врши транспорт на прашина  и на песок, со што и Атмосферата повторно ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, па така температурите на воздухот ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

Ваквата ситуација е поради јужното и југозападно струење на висина, па така оваа Сахарска прашина и песок најпрвин ќе ја зафати југоизападна  и западна Европа, потоа ќе се преместува кон централна Европа и северен и централен Балкан, и утре попладне ќе пристигне  и кај нас во Македонија.

Сепак, не се работи за огромно количество на прашина и песок како изминатите пати кога имавме пустинска прашина  и песок, тука таа ќе биде во значително помали количини, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk