Почина новинарот Саше Димовски

По долги и тешки здравствени компликации на 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски.
Беше претседател на Советот на честа на Здружението на новинарите а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Работниот век го помина во бројни телевизии, следејќи теми од областа на правосудството, меѓу кои „Канал 5“, „Сител“, „Алфа ТВ“, „Фокус“. Го основаше сајтот за следење на теми од областа на судството „Сведок“ и соработуваше со бројни медиуми. Автор е на огромен број публикации од областа на правосудството и медиумската етика.