Националната комисија за учебници има нов состав. Врз основа на Законот за учебници за основно и за средно образование, Владата ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими, за нови членови на Комисијата, соопштија од Министерството за образование и наука.
Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки за одобрување и употреба на учебници во основното и средното образование.
МОН и Педагошката служба очекуваат новиот состав на Комисијата да го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и да биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја, се вели во соопштнието на МОН.