Морски лавови ги преплавија плажите во Калифорнија

Стотици морски лавови ја преплавија плажата Сан Карлос Монтереј во Калифорнија, Соединетите Американски Држави, известува Анадолу.

Калифорниските морски лавови се многу комуникативни суштества. Често може да се слушне како лаат како кучиња во нивните големи групи. Кога не се излежуваат на плажите и карпестите брегови, морските лавови од Калифорнија ловат на море неколку дена.

Тие се брзи пливачи. Достигнуваат максимална брзина од 40 километри на час и можат да останат до 10 минути под вода во потрага по плен. Женките растат до два метри, а мажјаците се значително поголеми.

Додека се на море, калифорниските морски лавови ловат сами или во мали групи и јадат разновиден плен, вклучувајќи тихоокеански сардини, инчун, црвен октопод, лигњи, скуша и ослиќ.

За време на сезоната на парење и раѓање, од мај до јули, калифорниските морски лавови се на брегот подолг временски период.

 

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.