Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски вели дека изградбата на автопатот кон Блаце, кон границата со Косово моментално е во застој. Трасата избрана за изградба ќе се ревидира. Проекциите што ги направило претходното раководство на на Јавното претпријатие Државни патишта изнесуваат фантастични 240 милиони евра за 12 километри пат, што според НИколовски е далеку над одобрениот кредит од ЕБОР.
„Станува збор за тоа дека е одбрана целосно нова планинска траса од 12 километри, од кои 6 километри се тунели. Вредноста е 240 милиони евра, 20 милиони по километар. Се прави ревизија со Државни патишта, да видиме дали е изводлив овој проект, да видиме дали сепак би можеле да ја користиме постојната траса. Ова прв пат го кажувам во јавност. За месец и половина очекувам да излеземе со решение рече Николоски.