Општина Охрид аплицираше со 10 инфраструктурни проекти на Јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа:
-Реконструкција на улица во село Пештани;
-Реконструкција на улица во село Подмоље;
-Реконструкција на улица во село Долно Лекочереј;
-Реконструкција на водоводна линија на ул.„Кленоец“ ЛТХ „Леарница;
-Реконструкција на пешачки улици во рамките на градските гробишта во Охрид;
-Реконструкција на локален пат од крстосница за село Рамне до црква „Свети Атанасиј“;
-Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“;
-Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од улица „Кленоец“;
-Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“;
-Рехабилитација на дел од локален пат за село Куратица.
Подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид останува наш приоритет и продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на граѓаните, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.