Ревизија во ФИТР: 60 компании злоупотребиле пари за фантомски проекти вредни 3 мил. евра

60 фирми од различни бранши, меѓу кои градежни и ИТ компании се под истрага, под сомнеж дека во изминатите пет години за фантомски проекти го оштетиле буџетот на Фондот за иновации за 3.2 милиоени евра, откри на пресконференција директорот на Фондот Никола Додов.

-Внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи фирми поврзани со политички функционери. Договорите со правни неправилности, конфликтите на интереси и прикривањето податоци дополнително ги поткопуваат капацитетите на Фондот. Сомнителни активности вклучуваат и компании што добиле повеќе грантови за идентични проекти, како и фаворизирање одредени градови во државата за одобрување средства,- – Никола Додов – в.д. Директор на ФИТР.

Привчните резултати на ревизијата, која како што посочи, се уште трае, дополнително покажала дека имало злоупотреби на парите од Фондот од страна на 50 приватни здравствени установи, кои си купувале медицинска опрема и апарати во период на ковид кризата, иако Фондот според закон не смеел да ги финансира.

– Исто така постојат сомнежи на злоупотреба на фондот за време на ковид кризата кога приватни здравствени уставови добивале финасии кога државните се бореле смаи со здравствената криза .- Најчесто се купувани машини уреди медицинска опрема која што нели немаме во државните институции рентгени, а во приватните имаме подобри.

Директорот на фондот кажа и дека постојат индикации дека во минатото со политички договори се дадени огромни средства за проекти, а не според законските прописи и услови на ФИТР.

„ Станува збор за компанија во непосредна роднинска врска со високи функционери од владата на СДСМ и ДУИ, која добивала огромни средства од фондот. Управителот на компанијата не само што добива финансиски средства од фондот туку истата личност управува и со други 4 различни фирми, кои исто така добиваат финансиски средства од фондот, каде 80 насто од средствата се префрлаат на сметка на иста компанија за иста услуга.“- Никола Додов – в.д. Директор на ФИТР.

Додов не сакаше да ги открие имињата на злоупотребувачите и имињата на двата фаворизирани градови во интерес на истрагата и кажа дека во моментов се собираат потребните докази и се подготвуваат кривични пријави за констатираните злоупотреби. Новото раководсво на Фондот досега извршило поврат на околу 600 илјади евра, а во следниот период ќе се врши целосна наплата на сите долгови.

Извор: Канал 5