Концертот на Марија Шерифовиќ кој требаше да се одржи утре ( 2 ноември) во салата „Борис Трајковски“ се презакажува за 10 ноември. Концертот се одложува поради страшната несреќа која се случи во Нови Сад во која загинаа 12 лица и има повредени. Утре во Србија е прогласен Ден на жалост.
Со својата автентичност, фантастичните интерпретации и емоција, веќе две децении се наоѓа на врвот на регионалната музичка сцена. Изминатата година, Марија Шерифовиќ прослави 20 години успешна кариера, а тој успех го одбележа со албум кој го носи насловот „Долази љубав“, кој воедно е и името на нејзината претстојна концертна турнеја која започнува на 8-ми март во Загреб, а продолжува низ 30 градови во регионот.
На сцената во Скопје и на нејзиниот репертоар, освен добро познатите стари хитови, ќе се најдат и песните од новиот албум, на кој се чекаше цели 10 години.