Денес (понеделник) и утре (вторник) накратко потопло и претежно стабилно време

Денес (понеделник), како и утре (вторник) во Македонија времето накратко ќе биде потопло, но и стабилно, односно сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен, а утре од југоисточен и од југозападен правец.

Сепак, утре (вторник) попладне и кон крајот на денот од запад облачноста ќе се зголемува, и тоа ќе биде најава за големата промена на времето која не очекува од среда, особено кон крајот на денот и вечерта кон четврток.

И во Скопскиот регион исто така овие два дена ќе имаме стабилно, суво и сончево време, со повремена мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен, а утре од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа, во југоисточните предели тие се очекуваа да се искачат до, па и малку над 15 степени, најавува метеопрогноерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk