Тој нè напушти во 2003 година, но како да беше вчера. Засекогаш ќе ги имаме најубавите спомени од детството и Македонските народни приказни токму поради него. Нашиот омилен цар, мудар селанец и Господ од ТВ екраните.
Верувале или не, помина 21 година од смртта на царот од македонските народни приказни, нашиот непрежален Ѓорѓи Колозов.
Но, дека тој остави силен траг и наследство доказ е што луѓето не го забораваат, а сега осамна и мурал со неговиот лик во кафуле во близина на Соборната црква во Скопје.