More

    Во Рим започна самитот на лидерите на земјите од Г20

    Во Рим, главниот град на Италија, започна самитот на лидерите на земјите од групата Г20, која ги опфаќа 20-те најголеми економии во светот и претставниците на невладините организации, јавува Агенција Анадолија (АА).

    Отворањето на самитот организиран во Конгресниот центар „Нувола“ започна со пречекувањето на гостите, што во својство на домаќин го организираше премиерот на Италија, Марио Драги.

    Драги ги пречека сите гости, меѓу кои и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на влезот од Конгресниот центар.

    Италијанскиот премиер и гостите подоцна направија заедничка фотографија.

    На првиот ден од самитот лидерите ќе се состанат на сесијата „Глобална економија и глобално здравје“.

    Планирано е на самитот да се разговара за економското закрепнување во време на пандемијата, процесот на вакцинација и за здравствени теми во врска со пандемијата.

    Поради состанокот, во Рим се преземени силни мерки за безбедност, а значаен дел од квартот во кој се одржува самитот е затворен за цивилен сообраќај. За безбедност на самитот се грижат околу 5.300 припадници на безбедносните сили.

    Од друга страна, група активисти за заштита на животната средина во утринските часови одржа протест кој го блокира сообраќајот. Припадниците на безбедносните сили интервенираа и сообраќајот е повторно воспоставен.

    извор: Агенција Анадолија (АА).

    DELTA REAL ESTATE планира инвестиции и во Македонија. Директорката на Real Estate Ангелина Некиќ за NEWS1.MK ги открива и плановите за регионални инвестиции. Се разгледуваат локации и во Скопје за хотел со 5 ѕвездички. Разговорот со Некиќ проследете го во продолжение…

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img