More

    Бајден најави нови санкции против руските олигарси и банки

    – Претседателот на САД, Џо Бајден денес објави дека САД наредиле нови и тешки финансиски санкции против руските банки и олигарси, изјавувајќи дека Москва флагрантно го прекршила меѓународното право во, како што го нарече „почеток на руската инвазија на Украина“, објави VOA. 

    „Никој од нас нема да биде измамен“ од тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин за Украина, рече американскиот претседател. Тој рече дека повеќе санкции би можеле да бидат на пат доколку Путин продолжи понатаму.

    Бајден рече дека исто така преместува дополнителни американски војници во балтичките земји на источното крило на НАТО што се граничи со Русија.

    Бајден им се приклучи на 27-те членки на Европската унија кои во вторникот едногласно се согласија да воведат свој првичен пакет санкции насочени кон руските официјални лица поради нивните акции во Украина.

    извор: VOA. 

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    28.8 ° C
    28.8 °
    28.8 °
    42 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    26 °
    Fri
    35 °
    Sat
    36 °
    Sun
    26 °
    Mon
    20 °
    spot_imgspot_img