Внукот на Ахмет – Фатмир Лимани: Тесна структура на ДУИ направи милиони, Ахмети дека е диктатор кој е 20 години на власт

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кичево на изминатите избори, воедно и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Фатмир Лимани во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека членови, односно тесната структура на ДУИ направиле милиони, а во наредниот период ќе презентира и докази.

„Како може еден шофер да има куќа од милион долари“, рече Лимани.

Меѓу другото, претходно го обвини и лидерот на ДУИ Али Ахмети дека е диктатор кој е 20 години на власт.

„Никаде во Европа нема таков пример“, рече Лимани.

Како што е познато пред извесно време, односно по локалните избори Лимани одлучи да се приклучи на Беса.