Телефонски разговор Ердоган ‒ Путин

0
394

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.

Во соопштението се вели дека двајцата претседатели во телефонскиот разговор се осврнале на прашањето меѓу Русија и Украина.

Ердоган истакна дека секогаш придава голема важност на блискиот дијалог што го создале со Путин во врска со регионалните прашања.

Турскиот претседател нагласи дека ги забележуваат позитивните резултати на овој дијалог и дека се посветени на продолжување на ова разбирање.

Исто така, Ердоган рече дека не ги признаваат чекорите кои се против сувереноста и територијалниот интегритет на Украина, и дека тоа е принципиелен став.

Тој истакна дека е важно да се најде решение врз основа на Договорите од Минск.

Претседателот на Турција нагласи дека понатамошно компликување на проблемот, како и воен конфликт, не е во ничија корист.

Со ова разбирање, рече Ердоган, придаваат важност на продолжување на дипломатските контакти и средби.

Турскиот претседател истакна дека Турција, исто како во минатото, и денес е подготвена да направи сѐ што е можно за намалување на тензиите и зачувување на мирот.

Упатувајќи апел за решавање на ова прашање преку дијалог, Ердоган нагласи дека е добро да ѝ се даде предност на дипломатијата и дека во НАТО го продолжуваат својот конструктивен став.

Ердоган ја повтори својата покана за Путин да ја посети Турција за состанокот на Советот за соработка на високо ниво, за кој се согласија за време на минатогодишната посета на Сочи.

извор: Агенција Анадолија (АА).