Граѓанскиот суд ја одби тужбата на Васко Ковачевски за Чулев

0
321

Скопскиот граѓански суд ја отфрли тужбата за клевета што ја поднесе директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, против поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Ковачевски го тужеше Чулев за изјава дадена на прес конференција на која меѓу другото, Чулев информира дека против Ковачевски е покрената истрага за неговото работење додека тој беше директор на РЕК Битола.

Адвокатот Ангел Гина изјави дека оваа одлука на судот ќе биде нова пракса во сите идни случаи за утврдување одговорност за клевета и навреда.

извор: Република