More

    Денес почнува исплатата на пензиите

    Владата ја усвои информацијата според која февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 1 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година.

    Како што соопшти владината прес-служба, готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во четири денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките.

     

    – За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24 февруари (четврток), за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 25 февруари (петок), за пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 февруари (понеделник) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 1 март (вторник), се појаснува во соопштението од Владата.

     

    извор/фото: агенции

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img