Нападнат меѓународниот аеродром во Гостомељ

0
273

Неколку експлозии се слушнаа во украинскиот главен град Киев, јавија западни медиуми. Експлозии се регистрирани и во украинскиот град Харков.

Украинските власти потврдија дека голема воздушна операција од руските сили е преземена со хеликоптери Ми-8 и авиони Антонов врз меѓународниот карго аеродром во Гостомељ. Градот е во Киевската област.

 

извор/фото: агенции