Молдавија воведува вонредна состојба, Украинците на границата чекаат во колони

0
566

Молдавија ќе воведе вонредна состојба и спремна е да прифати десетици илјади луѓе од соседна Украина, кажа молдавската претседателка Маја Санду.

„Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка“, кажа таа.

Десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдавија, пренесуваат молдавските медиуми.

Молдавија денес ќе го затвори својот воздушен простор и ќе ги пренасочи летовите на други аеродроми поради безбедносната ситуација во регионот, објави заменикот на молдавскиот премиер Андреј Спину на Фејсбук.

извор/фото: агенции