More

    МНР во боите на украинското знаме во знак на солидарност со Украина и украинскиот народ

    24 февруари е тажен ден за Украина и мрачен ден за Европа. Со нападот врз Украина, Кремљ уште еднаш грубо го прекрши меѓународното право со кое им донесе страдање и уништување на своите непосредни соседи и го прекрши суверенитетот и границите на Украина. Истовремено, ваквите дејствија го доведоа до прашање и мировниот поредок на нашиот континент. За ништо од ова нема оправдување. Војната и огнот не се шега, а употреба на сила и принуда нема место во 21 век, напиша на својот ФБ профил министерот Бујар Османи.
    Во објавата Османи додава:
    Вечерва, го осветливме Министерството за надворешни работи во боите на украинското знаме со што сакаме да пратиме силна порака на поддршка и солидарност со Украина и пријателскиот украински народ, во овие тешки моменти. Нашите народи се добро познати по подавањето рака на оние на кои таа им е потребна, нешто што е запишано и во историјата. Ние ќе вложиме напори да запрат вашите страдања.
    Во оваа прилика уште еднаш ја реафирмираме нашата недвосмислена поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина и како земја членка на НАТО и одговорен чинител во меѓународната заедница упатуваме апел за итен прекин на воените дејствија врз Украина и враќање на мирот.
    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    24.8 ° C
    24.8 °
    24.8 °
    57 %
    1.5kmh
    0 %
    Fri
    24 °
    Sat
    36 °
    Sun
    30 °
    Mon
    22 °
    Tue
    29 °
    spot_imgspot_img