(ВИДЕО) „Симпсонови“ пред 24 години ја предвиделе и руско-украинската криза?

По нападот на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, твитерџиите масовно споделуваат сцена од „The Simpsons“, прикажана во 1998 година.

Авторите на серијата во една епизода го прикажале враќањето на Советскиот Сојуз и повторното појавување на Студената војна.

Во видеото што се споделува е прикажано како Западот се обидува да пронајде решение за да запре војна. Станува збор за епизода емитувана пред 24 години. Во тоа време претседател на Руската Федерација бил Борис Елцин.

Епизодата го прикажува Хомер Симпсон како се придружува на морнарицата, Русија во Обединетите Нации го менува името во Советски Сојуз, има и марширање на војници, тенкови и повторно никнување на Берлинскиот ѕид.

Освен тоа, прикажано е и оживувањето на Владимир Илич Ленин. Ленин воскреснува и порачува дека „мора да го уништи капитализмот“.

„Дали „The Simpsons“ ја предвидоа кризата меѓу Украина и Русија?, „The Simpsons“ знаат се“, „Повторно го направија тоа“, се дел од коментарите на твитерџиите.